20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија забележа раст на БДП од 3,6 проценти

Унгарија забележа раст на БДП од 3,6 проценти

ungarijabro782fgf3jrt

Унгарија според последните статистички податоци минатата година забележала раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6 проценти.

Главните двигатели на растот биле индустријата и услугите, а значителен придонес имале и градежништвото и земјоделството.

Според прогнозите на аналитичарите, растот на унгарската економија се очекува и во наредните години, благодарение на програмата „Финансирање за развој“ која на многу компании би требало да им овозможи полесен пристап до капиталот.

Освен тоа, на извозот би можеле позитивно да влијаат и мерките на Европската централна банка, односно програмата за купување на обврзниците.

Според прогнозите на аналитичарите, оваа година се очекува раст од 2,5 проценти, а во 2016 година раст од 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП