18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKuehne + Nagel ја проширува својата збирна мрежа до Турција

Kuehne + Nagel ја проширува својата збирна мрежа до Турција

Kuehne-e-nagel

Kuehne + Nagel ја проширува својата збирна мрежа до Турција, нудејќи неделен групен транспорт од/до Истанбул, Турција, до Скопје, Македонија.

Дестинацијата Истанбул – Скопје и обратно, нуди услуга “врата до врата“ секоја недела со транзитно време од 3 до 7 дена обезбедувајќи брза и фрекфентна поврзаност помеѓу Источно европскиот регион и Турција.

Новата дестинација обезбедува пораст на размена на индустриски производи, како што се машини и пластика, хемикалии и други производи од/до Турција и Источно европските економски центри, а исто така одговара на брзо растечките потреби и барања на извозниците.

Источниот централен магацин во Виена ги поврзува сите поголеми земји од Источна Европа преку 300 директни линии и неделни испораки. Вака поставената збирна платформа обезбедува поголема искористеност на капацитетите, скратено време на испорака и го зголемува бројот на дневни испораки во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП