9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW го покажа најпрактичниот спортски Golf

VW го покажа најпрактичниот спортски Golf

go variant

Семејството на спортските модификации на „VW Golf“ уште во јануари беше пополнет со дизел караван, чија официјална премиера пред публика се одржа на автосалонот во Женева. Имено, под рефлекторите на швајцарскиот саем производителот ги откри европските цени и нивоата на опрема на моделот.

Спортскиот караван „Volkswagen Golf Variant“ со додаток „GTD“ (Gran Turismo Diesel) се потпира на 2.0-литарски 4-цилиндричен турбодизел, кој развива моќност од 184 КС и 380 Nm вртежен момент, достапен во опсег 1750-3250 врт/мин. Со овој мотор возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,9 секунди, без да има разлика дали е мануелен или автоматски менувач.

go variant3

Максималната брзина на модификацијата е 231 км/ч со мануелен менувач и 229 км/ч со автоматската трансмисија. Мешовитата потрошувачка на „Volkswagen Golf Variant“ е 4,4 л/100 км кај верзијата со рачни брзини и 4,8 л/100 кај верзијата со трансмисија „DSG“.

На изглед машината се разликува според намаленената суспензија за 15 мм, различните браници и решетка на ладилникот, затемнети задни прозори, хромираните двојни цевки на издувниот систем и 17-инчните тркала.

go variant2

Во Германија „Volkswagen Golf GTD Variant“ стартува од 31.997 евра, што е за околу 1.500 евра повеќе од цената на хечбекот „Golf GTD“.

За дополнителни 965 евра компанијата го нуди пакетот „Sports & Design“ кој вклучува 18-инчни бандажи „Nogaro“, затемнети стакла, црвени сопирачки апарати и систем за избор на режим на возење. Во кабината се поставени спортски седишта во стил „Golf GTI“ и декоративни елементи, вклучувајќи и алуминиумски педали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП