23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСаудиски принц ќе инвестира во Snapchat

Саудиски принц ќе инвестира во Snapchat

snapchat 3456

Од компанијата „Kingdom Holding“, чиј 95 процентен сопственик е саудискиот принц Алвалед бин Талал, ја известија јавноста дека оствариле бизнис разговори со американската компанија „Snapchat“, пренесува „Reuters“.

Целта на средбата меѓу Еван Шпиегел, сопственикот на „Snapchat“, и раководството на „Kingdom Holding“ од Саудиска Арабија биле разговори за инвестирање на арапски капитал во овој познат „startup“.

Принцот Алвалед бин Талал од претходно е познат по своите инвестиции во технолошкиот сектор, па во минатото меѓу останатите, вложувал и во „Twitter“, „AOL“, „Apple“ и „Motorolа“.

Од „Snapchat“ се надеваат дека токму саудискиот принц би можел да биде главниот инвеститор во новата рунда на финансирања со кои ова компанија би можела да ја подигне својата вредност на 19 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП