24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Еврозоната е неодржлива“

„Еврозоната е неодржлива“

evrozonabhg76it7tr7tt

Еврозоната во својот сегашен облик не е одржлива, смета еден од најуспешните британски менаџери на фондови, Нил Вудфорд.

Вудфорд, кој ја основа својата инвестициска компанија минатата година, изјави дека самиот „концепт е суштински погрешен“ и дека очекува пораст, „стресови и тензии“ во тој домен.

„Едноставно кажано, да се преправате дека Грција е исто што и Германија е суштинска грешка“, изјави тој за BBC.

Тој додаде дека несигурноста во врска со членствто на Британија во ЕУ би можела да ја погоди британската економија.

„Можноста за референдум за членството во ЕУ ќе ги забави меѓународните инвестиции во Британија, што ќе создаде дополнителна несигурност“, изјави Вудфорд.

Конзервативната партија вети дека ќе го одржи референдумот за останувањето или излезот на Британија од ЕУ ако победи на општите избори оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП