16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на италијанскиот БДП

Пад на италијанскиот БДП

italija-nova-italy

Бруто домашниот производ на Италија во 2014 година е намален за 0,4 проценти, соопшти Заводот за статистика во Рим, потврдувајќи ја проценката изнесена минатиот месец.

БДП на Италија во четвртиот квартал од 2014 година мируваше во однос на претходните три месеци, додаде Заводот, а пренеусва агенцијата АНСА.

Домашната потрошувачка во извештајниот период е намалена за 0,1 проценти на квартално ниво, додека на годишно ниво пораснала за 0,5 проценти.

Минатата година беше трета година по ред во која Италија бележи негативен економски раст, а рецесијата на кратко беше прекината во третиот квартал од 2013 година, кога БДП порасна 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП