4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас му порача на Варуфакис помалку да зборува, повеќе да работи

Ципрас му порача на Варуфакис помалку да зборува, повеќе да работи

varoufakis_tsipras1

Со неусилен хумор и широка насмевка, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис според медиумите стана новата икона на грчката радикално лева влада, но забележуваат и дека по месец и половина сеприсутниот во медиумите почнува да ги „нервира“ и во неговата партија, вклучително и харизматичниот премиер Алексис Ципрас.

На новинарот на германскиот магазин Der Spiegel кој го запрашал дали успеал да го примири својот исто така харизматичен министер, премиерот Алексис Ципрас му одговори „Од сите во владата побарав помалку да зборуваат, а повеќе да работат, не само од господинот Варуфакис“.

Весникот Avgi (Мугра), кој се смета за орган на грчката владејачка Коалиција на радикалната левица Сириза, пишуваше претходно седмицата за „токсичната преизложеност“ во медиумите на министерот за финансии. Весникот изрази стравување „сексуалната икона“, како што Варуфакист го опиша германскиот весник Die Welt, да не ги потроши својата сила и талентите со коишто придонесе за создавање на владата на Ципрас со претераното појавување во домашните и странските медиуми.

„Јанис, не претерувај. Бидејќи во економијата не е доволно да се знае да се управува со буџетот, туку треба и да се биде економичен и со зборовите“, му порача Avgi на министерот за финансии.

Се чини дека, сепак, Варуфакис го послуша својот шеф во владата, бидејќи во последно време е повеќе претпазлив, така на прес-конференцијата којашто минатата седмица ја свика во Атина одби да одговори на сите новинарски прашања, по одржаниот говор во кој беше невообичаено за него воздржан. Варуфакис од неодамна е забележително помалку активен и на социјалните мрежи. Неговиот последен твит е објавен на 1-ви март, а им го упати на „новинарските стрвинари“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП