4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ нема да ја финансира грчката влада зашто е противзаконски

ЕЦБ нема да ја финансира грчката влада зашто е противзаконски

cre

Европската централна банка (ЕСВ) нема да прифати Грција да започне со издавањето дополнителни трезорски записи од краткорочниот долг кој доспева за наплата за три до шест месеци, бидејќи тоа би претставувало нелегално финансирање на грчката влада, изјави членот на Извршниот одбор на банката, Беноа Куере.

Куере во разговорот за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sinntagszeitung појасни дека Европската централна банка нема да ѝ дозволи на Грција да го подигне лимитот за издавање на краткорочните заеми. Грчките доверители го поставија лимитот од 15 милијарди евра на таквиот долг и тој е веќе достигнат.

„Европската централна банка не може да ја финансира грчката влада. Тоа не смееме да го правиме. Тоа е противзаконски“, вели Куере.

Неговата изјава се совпаѓа со изјавите на претседателот на EЦБ, Марио Драги кој во четвртокот изјави дека банката ќе продолжи да им позајмува пари на грчките банки дури откако ќе се увери дека Атина се придржува до итната програма за излегување од кризата, како и дека е на добар пат да добие преодна оцена за спроведувањето на програмата.

Исто така јасно даде до знаење дека EЦБ нема да го зголемува лимитот за издавање на краткорочниот долг со цел да ѝ се помогне на владата на Алексис Ципрас, бидејќи европскиот договор забранува монетарно финансирање на владите.

Куере за германскиот весник, исто така, вели дека Европската централна банка нема на Грција да ѝ дозволи да го зголеми лимитот за кредити за ликвидноста ELA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП