4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски посети неколку објекти во Кочани

Груевски посети неколку објекти во Кочани

gruevski

Премиерот Никола Груевски престојуваше во Кочани при што ги посети објектите на американската компанија Амфенол за производство на автоделови,  го пушти во употреба патот до селото Бели и изврши увид во градежните работи на пристапниот пат до браната Речани на Оризарска Река и за изградба на канализација во Кочани.

„Со инвестиција од околу 10 милиони денари се изврши реконструкција на 1,4 километри пат, кој е од огромно значење за повеќе населени места во овој регион. Покрај селото Бели, овај пат е важен и за селата Нивичани, Пантелеј и Рачани, а воедно е значаен и за манастирот „Св. Пантелејмон“, кој е доста посетуван“, рече Груевски.

Премиерот истакна дека македонската влада во изминатиот период реализирала голем број проекти и изградено стотици локални патишта низ целата држава.

Реализацијата на овие проекти значи подобрување на регионалната поврзаност, заживување на многу места низ државата, поттикнување на развој на економијата, земјоделството, туризмот и уште многу слични гранки, рече Груевски.

Според него ваквите проекти се одличен показател дека ние не ги забораваме и помалите места во Македонија. Дали е еден километар, два, три или пет километри ваквите патишта се од секојдневно значење за луѓето, истакна Груевски.

Премиерот во текот на денот се очекува да  ја посети и Виница каде треба ја пушти во употреба технолошко-индустриската развојна зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП