4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ангажира студенти и туристи како тајни даночници

Грција ангажира студенти и туристи како тајни даночници

nnn

Критиките дека Грција пребавно ги спроведува новите економски реформи го принудија министерот за финансии да предложи ангажман на  бројни хонорарни тајни инспектори: туристи, домаќинки и студенти во борба против неплаќачите на даноци.

Јанис Варуфакис предложи вработување  на „голем број непрофесионлни инспектори…кои би биле озвучени и опремени со камера“ .

Својот предлог го доставил до претседателот на еврогрупата Јерон Дејселблум, а објавен е и на интернет страната на грчкиот весник Прототема.

Според Варуфакис, инспекторите-хонорарци би прибирале податоци кои би имале правна тежина и врз чија основа би делувале вистинските инспектори.

„Самиот податок дека се ангажирани илјадници лица со аудио и видео опрема брзо ќе го смени однесувањето, и ширум општеството ќе се прошири чувство за правда и ќе се создаде нова култура на плаќање на данок“, напиша Варуфакис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП