4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTata демонстрира нов стил (фото)

Tata демонстрира нов стил (фото)

tata hexa

Индиската компанија „Tata“, стана популарна по малиот автомобил „Nano“, но овој пат ја демонстрира својата нова насока на развој. Под рефлекторите на саемот во Женева компанијата покажа моделот „Hexa“, кој е наменет за светските пазари, вклучувајќи ја и Европа.

„Tata Hexa“ засега е концепт, но од индиската компанија истакнаа дека серискиот модел ќе биде речиси идентичен. За разлика од претходните модели на овој бренд, новиот кросовер демонстрира оригинални и стилски форми, а дизајнот е сличен на европските и јапонските конкуренти.

tata hexa1

Моделот е базиран на „Tata Aria“ и нуди 6 места, распоредени во конфигурација 2+2+2. Димензиите на „Hexa“ се 4764 мм должина, 1895 мм ширина и 1780 мм висина. Меѓуоскиното растојание достигнува 2850 мм.

За време на премиерата од индиската компанија, која е сопственик на „Jaguar Land Rover“, изјавија дека концептот „Hexa“ не само што го презентира новиот дизајнерски јазик на „Tata“, туку и ги најавува двата идни модели – „SUV“ и пикап. Во моментов, сепак не е јасно кога ќе ги видиме на пазарот.

tata hexa2

Концептот е опремен со 2.2-литарски дизел мотор со четири цилиндри кој генерира моќност од 156 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, достапен меѓу 1700 и 2700 врт/мин. Агрегатот може да биде опремено со систем 4х4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП