20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСе е променето: Владеат нови маркетинг правила

Се е променето: Владеат нови маркетинг правила

marketing12

Доколку мислите дека маркетингот може да се врши на ист начин како пред 10 или 20 години, тогаш многу грешите.

Причината е едноставна, она што функционира денес е потполно спротивно од она што важеше за успех порано.

Стари правила:

1.Креирајте производ кој има голем аудиториум – масовен пазар.

2.Обидете се да ги таргетирате луѓето со маркетинг порака која ќе влијае на мнозинството потенцијални купувачи.

3.Креирајте препознатлив бренд на кој ќе можете да додавате дополнителни активности, освен основната.

 

Нови правила:

1.Креирајте производ или услуга која има специфична целна група.

2. Насочете ја вашата порака токму на целната група и обидете се да ја прилагодите на вашите производи и услуги.

3.Разговарајте со луѓето кои го разбираат вашиот производ и со оние кои се ваши потенцијални клиенти и со нив дефинирајте го брендот.

Некои од вас сега ќе си помислат дека ова не е точно, и ќе речат погледнете ги Кока Кола, Пепси, Сони. Да, но она што функционира кај нив не значи дека ќе функционира и кај вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП