29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДПМ распиша конкурс за наградата „Даница Ручигај“

ДПМ распиша конкурс за наградата „Даница Ручигај“

drustvo-na-pisateli-na-makeodnija

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка, членка на ДПМ.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од 5 мај 2014, до 5 мај 2015 година. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во по четири примероци.

Наградата се состои од плакета и таа ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во почетокот на јуни.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај која животот трагично го заврши во скопскиот земјотрес, на 29 годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП