9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот DS5 се лиши од логото на Citroen (фото)

Новиот DS5 се лиши од логото на Citroen (фото)

5 ds

Премиум хечбекот „DS5“ е меѓу главните премиери на автосалонот во Женева. Реновираниот модел е потивок и поудобен, а е опремен и со нов мотор. Најважно при него сепак е фактот дека тој веќе не го носи логото на „Citroen“, бидејќи од моделска линија „DS“ стана посебно, комплетен бренд.

5 ds1

Според раководството на „Citroen“ одлуката да се разделат двата бренда е сериозно да се подигне интересот кон автомобилите со амблем „DS“. Токму логото е меѓу новите работи во изгледот на возилото каде се заменува познатиот знак на „Citroen“. Нови се, исто така, браниците и светлата.

5 ds2

Посветено е внимание и на техничките детали. Променето целосно е подножјето, благодарение на што возилото е поудобно. Од палетата мотори отпаѓа досегашниот основен 1,6-литарски агрегат со моќност од 156 КС. Неговото место е окупирана од мотор со ист волумен, но со 165 КС. Претстои додавање на уште еден 1,6-литарски мотор кој ќе развива 210 КС.

5 ds3

Промените во кабината исто така се многубројни. На централниот панел се наоѓа нов систем, кој може да се синхронизира со смартфон и да се дуплираат сите негови функции на екранот. Постои и новата функција „DS Connect Box“, благодарение на која возилото самостојно го следи кога треба да посети сервис за одржување.

5 ds4

Се очекува новиот „DS 5“ да се појави на пазарот во Европа во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП