Дали другата понуда баш секогаш е подобра? Ви претставуваме неколку причини поради кои би требало добро да размислите пред да го напуштите моменталното работно место…
Зона на камфор
Понекогаш промената може да биде многу добра. Но, промените секогаш е полесно да ги остварите кога започнувате на познат терен. „Напуштете ја својата зона на комфор само доколку навистина го сакате тоа. Луѓето често се одлучуваат на големи промени, бидејќи со тоа се обидуваат да им докажат на другите луѓе дека тие го можат тоа“, открива Деби Мендел, автор на книгата „Addicted to Stress: A Woman’s 7 Step Program to Reclaim Joy and Spontaneity in Life“
Притисок
Преминувањето во нова компанија, која притоа нуди и подобри услови, звучи како остварување на сите соништа. Но, повеќето нови работници мораат да се докажат во што пократки чекори, а тоа е огромен притисок, на кој можеби не сте подготвени. Од вас ќе се очекуваат големи работи и за тоа морате целосно да бидете свесни.
Стабилност
Ако размислувате за премин на ново работно место, добро информирајте се за тоа колку вашата позиција таму е стабилна. Таа овозможува одредена возбуда, можеби и малку повеќе пари, но понекогаш моменталното работно место е постабилно од некое ново.