26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхрабрувачки раст на економијата на еврозоната и Европската унија

Охрабрувачки раст на економијата на еврозоната и Европската унија

inflacija-evrozona

Економијата на еврозоната во последниот квартал од 2014 година оствари раст од 0,3 проценти, а целата Европска унија раст од 0,4 проценти, соопшти Евростат.

Таквиот раст на економијата на еврозоната е незначително повисок во однос на растот од 0,2 проценти во третиот квартал, како и растот на Европската унија од 0,3 проценти во истиот квартал.

На годишно ниво, економијата на еврозоната во четвртиот квартал пораснала за 0,9 проценти, што е малку над растот од 0,8 проценти во третиот квартал, додека бруто домашниот производ (БДП) на Eвропската унија порасна за 1,3 проценти, што е забрзување во однос на растот од 1,2 проценти од претходниот квартал.

Кога станува збор за цела мината година, 19-члената еврозона регистрираше раст од 0,9 проценти во однос на падот од 0,5 проценти во 2013 година, додека економијата на Европската унија пораснала за 1,3 проценти во споредба со нулта економскиот раст во 2013 година, се вели во извештајот на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП