22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските работодавачи во февруари отвориле 300.000 работни места

Американските работодавачи во февруари отвориле 300.000 работни места

sadamerikawef6w4e6f4e64few

Темпото на вработување во американската економија во февруари забрза, а стапката на невработеност се намали на 5,5 отсо, што е најниско ниво за последните шест ипол години, а се сигнали кои би можеле да ја поттикнат Фед да ги зголеми каматните стапки во јуни.

Американското министерство за труд соопшти дека во февруари биле нето отворени 295 илјади работни места. Воедно ревидирани се надолу податоците за јануари, според кои во првиот месец од годината биле отворени 239 илјади работни места.

По јануарските 5,7 отсто, стапката на невработеност падна во минатиот месец на најниско ниво од мај 2008 година.

Економистите опфатени во анкетата на Reuters прогнозираа зголемување на вработеноста за 240 илјади, а прогнозираа и пад на вработеноста за 0,10 процентни поени, на 5,6 отсто.

Овие податоци сугерираат дека состојбата на американскиот пазар на труд дополнително се подобрува, иако падот на стапката на невработеност во голем дел е последица на заминување на дел од граѓаните од работната сила. Просечниот доход по час минатиот месец бил зголемен за три центи.

Функционерите на Фед будно го следат движењето на платите за да полесно се утврди кога на пазарот на труд притисокот станал доволен за да се зголемат трошоците на задолжување, со цел да се спречи прегрејување на економијата.

Најновиот извшетај за вработеноста е објавен пред седницата на Фед, која е закажана за 17 и 18 март. Многу економисти очекуваат дека Фед би можел да сигнализира подготвеност за зголемување на каматните стапки во јуни преку изземање на формулацијата во официјалното соопштение за „внимателно разгледување на евентуалното зголемување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП