22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за движење за камиони на Ѓавато

Забрана за движење за камиони на Ѓавато

tovarnivozilazabranasneg

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Ѓавато, во 17:45 часот воведена е забрана за движење за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Забранaта за движење на тешки товарни возила на патниoт правeц крак Маврово – Дебар сеуште важи.

Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП