9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Apple влегуваат во индексот Dow Jones на 19-ти март

Акциите на Apple влегуваат во индексот Dow Jones на 19-ти март

apple te

Акциите на американскиот технолошки гигант „Apple“ ќе бидат вклучени во индексот „Dow Jones Industrial Average“ од 19-ти март и ќе го заземат местото на акциите на американскиот телекомуникациски гигант „AT&T“, објави во петокот индексната компанија „S&P Dow Jones Indicies“.

Оваа промена во индексите е последица на поделбата на уделите во акциите на компанијата „Visa“ во сооднос 4 наспроти 1, којашто ќе стапи на сила во посочениот термин.

„Прилагодувањето на цените на акциите по раздвојувањето на акциите на „Visa“ ќе го зголеми уделот на секторот на информатичките технологии во индексот. Вклучувањето на акциите на „Apple“ во индексот ќе помогне делумно да се компензира неговото снижување. Во пондерираните цени на индексите како Dow Jones Industrial Average, големите промени во цените на скапите акции може да влијаат врз одразот на секторот во индексот, а таа промена ќе го намали таквото влијание“, се појаснува во соопштението на споменатата индексна компанија.

Капитализацијата на американската корпорација „Apple“, којашто се занимава со развој и продажба на компјутерите „Mac“, таблетите „iPad“ и смартфоните „iPhone“ и други уреди, како и со софтвери за своите производи, изнесува 735,3 милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП