18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција му плати на ММФ рата од 310 милиони евра

Грција му плати на ММФ рата од 310 милиони евра

mmf38

Грција во петокот плати рата од 310 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од вкупниот долг од 1,5 милијарди евра, изјавил за Reuters извор од грчката влада.

Грција на 13,16 и 20 март мора да ги отплати преостанатите три транши.

И покрај договорот со кредиторите, на Грција и недостасуваат средства, добар дел поради остриот пад на приходите од даноците, наведува британската агенција.

Финансиските потреби на Атина месечно изнесуваат околу 4,5 милијарди евра, од кои 1,5 милијарди одат за плати во јавниот сектор и пензии.

Гувернерот на грчката централна банка, Јанис Сурнарас, изјави дека состанокот на министрите за финансии на 19-те членки на еврозоната закажан за идната недела е многу важен за финансиски загрозената Грција.

Грција овој месец мора да ги отплати ратите од долгот на ММФ, којшто заедно со Европската централна банка (ECB) и Европската комисија учествуваше во програмата за помош на Атина вредна 240 милијади евра.

Властите во Атина се во постојани напори да пронајдат дополнителни средства за да го решат проблемот на отплатата на огромниот долг. Европската централна банка во четвртокот им даде надеж со зголемувањето на обемот на Итниот фонд за зачувување на ликвидноста за дополнителни 500 милиони евра, со што на европските банки им се ставен на располагање вкупно 68,8 милијарди евра.

Стурнарас изјави дека на грчките банки не им се заканува апсолутно никаква опасност и дека се адекватно капитализирани и доволно ликвидно, како и дека нема стравување од одлив на депозитите.

Сепак ECB го задржа остриот став кон Грција, порачувајќи дека е подготвена да ја обнови финансиската линија за грчките банки што Атина постигне договор за долгот со партнерите од еврозоната. Меѓутоа, додека не постигне договор, Грција нема пристап до преостантите средства од пакетот на меѓународна помош.

Во рамките на четиримесечното продолжување ма програмата за помош договорено е дека Атина до април ќе ги претстави буџетските мерки кои мораат да ги одобрат кредиторите и дека дури тогаш ќе и биде исплатена последната транша од кредитот за помош вредна 7,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП