3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит претпазливо пред извештајот за вработеноста

На Волстрит претпазливо пред извештајот за вработеноста

vol strit 5

На Волстрит во четвртокот цените на акциите благо пораснаа, со слаб обем на тргувањето, бидејќи инвеститорите не сакаа значително да ги менуваат позициите пред извештајот за вработеноста во САД, кој би можел значително да влијае врз насоките на пазарите.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,21 отсто, на 18.135 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,12 проценти, на 2.101 бод, а индексот Nasdaq скокна за 0,32 отсто, на 4.982 индексни поени.

Вложувачите се воздржани пред извештајот за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен подоцна во петокот, и кој вообичаено значително влијае врз пазарите, бидејќи неоспорно ги поттикнува шпекулациите за тоа кога американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми каматите, кон половината или кон крајот на годината.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во февруари бројот на вработените во САД е зголемен за 238.000, помалку во однос на 257.000 во јануари. „Инвеститорите, изгледа, очекуваат огномет. Така најдобро може да се опишат овие колебања на пазарот“, вели Пол Шац, претседател во компанијата „Heritage Capital“.

Поддршка на Волстрит му пружија вестите од Европа, каде што Европската централна банка (ECB) најави почеток на купувањето на државните обврзници од следниот понеделник и ги зголеми процените за растот на економиите во еврозоната.

„Меѓутоа, тој ветер в грб спласна по послабите отколку што се очекуваа показатели од американската економијата“, вели Шац.

Имено, откако во средата инвеститорите беа разочарани од послабите отколку што се очекуваше показатели на консултантската компанија ADP за вработувањето во приватниот сектори, во четвртокот беше објавено дека бројот на барањата за помош на невработените лица минатата седмица се зголемил на 320.000, додека аналитичарите очекува 295.000.

На забавување на растот на најголемата светска економија на почетокот од годинава укажува и падот на новите порачки во фабричкиот сектор во јануари, што се случува веќе шести месец по ред.

Претпазливоста на вложувачите се гледа и од слабиот обем на тргувањето. На американските берзи во четвртокот сопствениците ги смениле 5,7 милијарди акции, додека просечниот дневен обем последните пет дена изнесуваше 6,7 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП