27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Франција

Раст на невработеноста во Франција

francija-franciiii

Стапката на невработеност во Франција во четвртиот квартал минатата година е зголемена за 0,1 проценти, надминувајќи ја симболичната граница од десет проценти, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика Инсее.

Во последните 17 години ова е трети пат оваа граница да биде надмината, пренесува АФП.

Според предвидувањата на Инсее од декември 2014 година стапката на невработеност во Франција до половината од годината би можела да скокне на 10,5 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд ММФ оцени дека стапката на невработеност во Франција нема да започне да се намалува се до почетокот на 2016 година.

Претходно стапката на невработеност над десет проценти во Франција беше забележана во вториот квартал во 2013 година, како и на почетокот на 1998 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП