23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапнатоста во Ирак и Либија ја крена цената на нафтата над 61...

Напнатоста во Ирак и Либија ја крена цената на нафтата над 61 долар

nafta 300

Цената на барел нафта порасна во четвртокот на светските берзи над 61 долари за барел бидејќи инвеститорите се насочија на напнатоста во Ирак и Либија и го занемарија дополнителното зголемување на залихите во САД.

На лондонската берза цената на барел нафта за испорака во април порасна за 53 центи во однос на претходното затворање, на 61,18 долари. На американската берза со барелот се тргува по 50 центи повисока цена, од 52,03 долари.

Влошувањето на безбеденосната состојба ја натера либијската државна нафтена компанија во средата да прогласи „виша сила“ на 11 нафтени полиња. Во Ирак милитантите на исламската држава ги запалија нафтените ископини на полето Аџил, источно од Тикрит, за да ги попречат воздушните напади и да ги спречат обидите да бидат избркани од нафтеното поле.

„Сметам дека тоа беше еден од придвижувачите на растот на цените. Изгледа дека пазарот сепак им дава одредено влијание на геополитичките фактори, конкретно во состојбата во Ирак и Либија“, толкува Вирендра Чаухан од Energy Aspectsa.

Во Либија на 1 март се произведуваа над 400.000 барели дневно, што е повеќе во однос на јануари, но сеуште е многу помалку во однос на периодот од пред граѓанската војна кога во државата се произведуваа 1,6 милиони барели дневно.

Напнатоста во Ирак и Либија го потиснаа во втор план натамошниот раст на залихи на сирова нафта во САД, за дури 10,3 милиони барели во минатата недела, со што според официјалните владини податоци достигнаа рекордно ниво.

Одвоено OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во средата изнесуваше 56,81 долар, што значи дека остана речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП