20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција изнесува 26%

Невработеноста во Грција изнесува 26%

grcija12knhyrt55

Стапката на невработеност во Грција во декември 2014 година пораснала од ноемвриските 25,9 проценти на 26 проценти, соопшти Заводот за статистика Елстат.

Најголемата стапка на невработеност од 27,9 поценти во Грција беше забележана во месец септември 2013 година, а од минатата година оваа стапка започна да се намалува како резултат на постепената стабилизација на економските прилики по шест години поминати во рецесија, пренесува АФП.

Во Грција и понатака стапката на невработеност е двојно поголема од просечната стапка во еврозоната, во која таа во декември изнесуваше 11,3 проценти.

Бруто домашниот производ на Грција во 2014 година порасна за 0,7 проценти, а се очекува дека и во оваа година ќе дојде до економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП