28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе топат руските финансиски резерви

Се топат руските финансиски резерви

rublja 334

Рускиот резервен фонд, воспоставен за да се акумилираат вишоците од приходите од продажбата на нафтата, кој го амортизираше влијанието од остриот пад на цената на нафтата врз буџетот, во февруари е намален речиси за една петтина, покажаа најновите податоци на руското министерство за финанси.

Резервниот фонд на 1-ви март изнесувал 4.721 милијарди рубљи или 75,75 милијарди долари, што значи дека е намален за 19,5 отсто во однос на состојбата од почетокот на февруари, објави руското министерство за финансии.

Оваа година руската влада планира да потроши над 50 милијарди долари од фондот за да го покрие буџетскиот дефицит поради остриот пад на цената на нафтата и забавување на економската активност.

Со тоа, за само една година во Русија би потрошила повеќе од половината средства од парите издвојувани за фондот поради ублажување на притисокот врз буџетот, што укажува на лоша состојба на државните финансии.

Истовремено намален е и Фондот за национална благосостојба, кој е воспоставен за да на владата во Москва и помогне да ги спроведе пензиските реформи, и тоа за 10 отсто, на 4.591 милијарди рубљи или 73,66 милијарди долари, објави руското министерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП