6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската влада цели на раст од 7 отсто, најмалку за 24 години

Кинеската влада цели на раст од 7 отсто, најмалку за 24 години

kina7

Кинеската влада објави во четвртокот дека во оваа година планира раст на бруто домашниот производ (БДП) од околу седум отсто, што би бил најмал раст во последните 24 години, но најави зголемување на државната потрошувачка за да ја поддржи економија.

Говорејќи на отворањето на парламентарната седница, премиерот Ли Кегианг рече дека владата и натаму се бори против корупцијата и загадувањето на човековата околина и ја истакна потребата за нови болни реформи со цел втората по големина економија да биде на пат на одржлив раст во три децени силен нагорен тренд.

„Притисоците врз кинеската економија продолжуваат. Длабоко вкоренетите проблеми на развојот стануваат се по очигледни. Проблемите со кои треба да се соочиме оваа година би можеле да бидат поголеми од лани. Новата година е клучна за јакнење на напорите врз ценовните реформи“, рече премиерот Ли пред 3.000 парламентарни застапници.

Кинеската економија е под притисок на забавување на растот на пазарот на недвижнини, високото ниво на задолженост и преголеми фабрички капацитети.

Поради тоа минатата година БДП-то порасна 7,4 отсто, што за многу држави е огромен раст, но за Кина е најбавен раст во последните 24 години.

За да поддржи раст на економијата, владата во оваа година ќе ја зголеми државната потрошувачка за 10,6 отсто, на 2.740 милијади долари, што ќе го зголеми буџетскиот дефицит од минатогодишните 2,1 на 2,3 отсто од БДП-то.

Премиерот Ли најави дека владата ќе продолжи со реформите во државните компании и на либерализацијата на банкарскиот сектор и финансиските пазари со цел реструктуирање на економијата поттикната од домашната потрошувашка на сметка на растот на извозот и инвестициите.

„За да ги ублажиме проблемите и ризиците и за да постигнеме модернизација, Кина мора да се потпре на развој, а развојот бара соодветна стапка на раст“, рече Ли, истакнувајќи дека кинескиот економски развој влегол во фаза на „нова нормализација“.

Една од клучните реформи е поврзана со индустрискиот сектор, кој има преголеми капацитети и премногу ја загадува околината.

Кина оваа година планира да отвори 10 милиони нови работни места за да ја задржи стапката на невработеност под 4,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП