18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото падна на 11-годишен минимум во очекување на вестите од ЕЦБ

Еврото падна на 11-годишен минимум во очекување на вестите од ЕЦБ

182074053054f85278a155a224760750_640x363

Еврото падна на 11-годишен минимум во однос на доларот додека инвеститорите ги очекуваат вести од Европската централна банка.

Вредноста на заедничката валута на еврозоната во еден момент падна на 1.1026 долари, што е најниско ниво од септември 2003 година, за да закрепне на 1,1051 долари, пренесува BBC.

Во однос на фунтата еврото загуби 0,16 проценти од вредноста и падна на 0,7246 фунти.

Се очекува ЕЦБ да ја остави непроменета историски најниската каматна стапка од 0,05 проценти, но пазарите очекуваат повеќе детали за програмата за квантитативно олабавување, со оглед на тоа дека ова е првиот состанок од месец јануари, кога беше најавена стимулативната програма.

Со програмата е предвидено инјектирање на најмалку 1,1 билион евра во економијата на еврозоната кое ќе започне во март и ќе трае до септември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП