6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на глобалните цени на храната во февруари

Пад на глобалните цени на храната во февруари

hrana23223322323232

Глобалните цени на храната опаднале во февруари за еден процент, на најниското ниво во последните четири ипол години, соопшти денес Организацијата при ОН за храна и земјоделство ФАО.

Во соопштението се наведува дека цените на житарките, местото и шеќерот се намалени, цените на маслото мирувале, а само млачните производи зналително поскапеле.

Индексот на цените на храната кој го пресметува ФАО, во февруари изнесувал 179,4, што е за 1,8 поени помалку од вредноста во јануари.

Големото производствто на глобално ниво, ниската цена на нафтата и оргничената побарувачка од големите увозници, вклучувајќи ја и Кина, помогнаа да се запре растот на цените на храната во последната година.

Храната започна да поевтинува во април 2014 година, а индексот во моментот е најнизок од 2010 година.

ФАО прогнозира дека производството на храна во 2015 година ќе достигне 2.542 милијарди тони, што е за осум милиони тони над прогнозите објавени во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП