Марк Цукерберх откри во Барселона кое прашање си го поставува себеси кога мора да вработи некое ново лице во Фејсбук.
Сопствениотк на Фејсбук во моментот претсојува во овој шпански град, каде се случува најголемиот саем за мобилни телефони во светот, „World Mobile Congress“.
На еден од панелите Цукерберг изјави дека кога го запознава потенцијалниот вработен на себеси си поставува само едно прашање.
„Си поставувам прашање самиот на себе дали е тоа личноста за која некогаш јас би работел“, изјави сопственикот на Фејсбук.
„Тоа е прилично добар тест“, додаде тој. Со оглед на неговите досегашни успеси ние ве советуваме да го послушате и примените неговиот совет.