
Нов објект на компанијата „Мултишпед“ беше отворен во локалната економска зона Илинден.


Нов објект на компанијата „Мултишпед“ беше отворен во локалната економска зона Илинден.
Новиот царински склад на оваа компанија која што се занимава со транспорт и логистика и нуди дистрибиција на разни стоки и услуги се простира на површина од 1.000 метри квадратни.
Вкупната инвестиција на компанијата е 500.000 евра, со што се овозможуваат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.