13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Грција не е во опасност од банкрот

Варуфакис: Грција не е во опасност од банкрот

Janis_Varufakis_smatra_da_ne_bi_bilo_mudro_ponistiti_vec_zavrsene_privatizacije.x

Грција во блиска иднина не е во опасност од банкрот и нема потреба да трет пакет финансиска помош, изјави грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис.

Варуфакис нагласи дека Грција сака да и стави крај на зависноста од меѓународните кредитори и да работи на стабилизација на својата економија.

„Нема подготовка за трет пакет помош, на Атина не и треба тоа. Грција има резервен план во случај да не ја добие последната транша помош од меѓународните кредитори“, изјави Варуфакис.

Вкупниот долг на Грција е поголем од 320 милијарди евра. Атина вкупно доби 240 милијарди евра во двата пакети финансиска помош од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Во текот на претходниот месец, Атина и министрите за финансии на еврозоната постигнаа договор за продолжување на пакетот финансиска помош за уште четири месеци. Според тој договор, неопходно е да се спроведат сите барани реформи, пред да биде пуштена новата транша од 7,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП