
Компанијата „Nissan“ на автосаемот во Женева го покажа концептот „Sway“, кој според неговите дизајнери покажува како треба да изгледа модерен компактен хечбек.


Компанијата „Nissan“ на автосаемот во Женева го покажа концептот „Sway“, кој според неговите дизајнери покажува како треба да изгледа модерен компактен хечбек.

Автомобилот е наменет целосно за европските корисници, а во компанијата се надеваат дека тој ќе може да го повтори успехот на моделите „Qashqai“ и „Juke“, но и соодветно да се наметне во еден релативно конзервативен сегмент на пазарот.

Дизајнот на „Sway“ е инспириран од концептот „Nissan IDx“ прикажан на саемот во Токио во 2013-та година. Димензиите на моделот се должина од 4010 мм, ширина – 1780 мм, висина – 1385 мм и растојание помеѓу двете оски – 2570 мм.

Од компанијата не дадоа никакви технички детали за моделот што очигледно значи дека тој нема да се појави во сериско производство. Според експертите во основата на „Sway“ е платформата „V“ на „Nissan“, а таа ќе биде користена и за следната генерација на „Micra“.
А под хаубата на новата генерација на хечбекот ќе се појавуваат 3-цилиндарски и 4-цилиндарски мотори на јапонската компанија и на „Renault“.