6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоамингот во ЕУ останува до 2018, но со пониски трошоци

Роамингот во ЕУ останува до 2018, но со пониски трошоци

mobilni-telefoni-foto-beta-1397651891-480969

Државите членки на Европската унија не ја укинаа во средата наплатата на роамингот во ЕУ, одложувајќи го ова прашање најрано за 2018 година, но на корисиците на мобилната телефонија сепак ќе им бидат намалени трошоците за роамингот.

Цените на роамингот значително варираат помеѓу различни оператори, а бројни корисници се жалат дека плаќаат огромни цифри на име роаминг кога патуваат во рамки на ЕУ, пренесува Франс прес.

Европскиот парламент минатата година го одобри планот за укинување на роамингот во Унијата од крајот на 2015 година, но Европскиот совет денеска одлучи предлогот да го врати во Парламентот, наведувајќи дека во меѓувреме треба да се воведат нови ценовни механизми со кои би биле намалени трошоците на роамингот.

Не е прецизирано за колкаво намалување на цената на роамингот би можело да стане збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП