19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради ниските приноси 2015. ќе биде рекордна по издавање на обврзници

Поради ниските приноси 2015. ќе биде рекордна по издавање на обврзници

presmetki-kalkulator-pari

Издавањето на еврообврзници на државите во развој оваа година би можело да достигне највисоко ниво за последните 10 години благодарение на програмата на квантитативно монетарно олабавување на Европската централна банка (ЕЦБ), бидејќи издавачите вон еврозоната сакаат да го искористат падот на приносите во монетарната унија, велат аналитичарите.

Се очекува износот на обврзници на државите во развој оваа година да порасне на 35 милијарди евра, поради најавената програма на ЕЦБ за откуп на обврзници вредна 1.100 милијарди евра, при што приносите во зоната на примена на единствената европска валута веќе паднаа и тоа пред ЕЦБ да почне да откупува обврзници.

Вредноста на емисиите на обврзниците на државите во развој лани достигна околу 21 милијарди евра, што е приближно 27 отсто од пазарот на државни долгови, покажуваат проценките на аналитичарите од банката Societe Generale.

„Очекувам дека вредноста на пазарот на државни долгови ќе остане горе-долу на ниво на минатогодишната емисија на државни обврзници во износо од 100 милијарди долари. Но, уделот на емисијата на државни обрзници искажани во евра би требало да порасне за 40 отсто, што значи дека уделот на оние искажани во долари ќе биде помал“, рече Режис Шателие од Societe Generale.

Доколку изнозот на обврзници изкажани во евра, издаден од државите во развој, достигне 35 милијарди евра, колку што прогнозираше Шателие, тоа би бил највисок износ прибран во единствената европска валута во изминатата деценија.

До минатата година емисијата на обврзници на државите во развој, искажани во евра, не успеа да го надмине износот од 20 милијарди евра, со исклучок на 2010 година кога беа прибрани 23 милијарди евра.

Издавачите на обврзници на државите во развој во рамки на еврозоната веќе гледаат промени во врска со ова, како на пример Летонија, чијашто обврзници со рок на доспевање во 2024 година се тргува со принос од 0,7 отсто, што значи дека во однос на крајот на 2014 година е помалку за околу 100 базни поени.

Државите со голем простор за нови емисии на обврзници најмногу ќе профитираат од програмата на обрзници на ЕЦБ, смета Мартин ван Вилет, аналитичар во банката ING.

„Издавателите како Словачка на пример ќе имаат поголема корист од програмата во однос на државите како Белгија и Италија, со оглед на нивниот особено помал износ на постоечки обврзници, во рангот на оние со рочност од две до 30 години, гледано во однос на БДП“, рече ван Вилет.

Од издавањето на нови државни обврзници во евра вон Европа, кои се надеваат дека ќе го капитализираат падот на приносите во еврозоната, Шателие ги издвојува Јужноафриканската Република, Турција, Бразил, Мароко и Индонезија.

„Овие држави ќе бидат склони да издават обврници во евра и тоа со цел пополнување на дупките во финансирањет, односно зголемување на девизните резерви“, вели Шатие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП