7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Русија ќе се соочи со нови санкции ако не успее договорот...

Меркел: Русија ќе се соочи со нови санкции ако не успее договорот од Минск

merkel-angela-merkel-ang

Европската унија (ЕУ) ќе ги заостри санкциите кон Русија доколку мировниот договор од Минск не биде спроведен, изјави во средата германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на Брисел.

„Доколку договорот пропадне, државите членки на ЕУ се подготвени да воведат нови санкции“, рече Меркел по состанокот со колегиумот на Европската комисија во Брисел.

Меркел наведе дека за оваа тема преку видео линк вчера разговарала и со американскиот претседател Барак Обама.

Германската канцеларка рече дека за време на разговорите кои денеска ги водеше со функционерите на ЕУ и претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер станало збор и за набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина како и за поттикнувањето на реформи.

„На украинските власти треба да им се дозволи пристап до границата со Русија, бидејќи тоа е гаранција за територијалниот интегритет“, предупреди Меркел, но додаде и дека е подготвена да ги продолжи разговорите со Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП