24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Иво Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија

Министерот Иво Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија

ivo ivanovski099248

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 2 до 5 март 2015 година, учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој се одржува во Барселона.

Тој имаше обраќање на панел сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор“.

На конгресот се дискутираше за мигрирањето на мобилните оператори во Европа. Имајќи предвид дека постојат 97 мобилни оператори, а 505 милиони жители, се повеќе ќе се создаваат можности за спојување и мигрирање.

Исто така, се дискутираше и за последиците од спојувањето, односно дали ќе резултира со подобар квалитет.

Главна тема на собирот беше стимулирање на иновациите, со цел нивно поврзување со општеството, при што акцент е  ставен на мобилниот сектор и политичките и регулаторните услови кои им овозможуваат развој на мобилните технологии и услуги.

Учесниците имаа можност да  разменат  свои искуства и ставови за пазарната конкуренција во  мобилната индустрија и можните импликации врз потрошувачките цени, иновациите и инвестициите. Исто така, беа разменети искуства и практики во областа на е-влада и дигиталната инклузија.

Министерот Ивановски имаше состаноци со високи владини претставници, како и со претставници на интернационални компании од ИКТ секторот.

Инаку, конгресот во Барселона е во организација на Асоцијацијата за мобилни оператори (GSMA), која ги претставува интересите на големите мобилни, софтвер и интернет компании во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП