21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 100 евра намалени цените на државни комерцијални станови

До 100 евра намалени цените на државни комерцијални станови

stanovi 35

За 30 до 100 евра се намалува цената на 192 комерцијални стана во Скопје, Охрид и Струмица изградени од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Најмногу, по 100 евра за метар квадратен, поевтинуваат становите во Охрид, а сегашната понудена цена на 40 станови што се на продажба во објектот „Расадник“ блок 2, од 700 евра се намалува на 599 евра, информираше во средата министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Во Скопје на продажба се 126 стана, чија цена се намалува за 30 евра по метар квадратен, односно од 880 евра за метар квадратен на 850 евра.

Намалувањето на цената на становите во Струмица е за 70 евра по метар квадратен. Во Струмица се продаваат 26 станови лоцирани на улицата „Ѓорѓи Василев“ и нивната почетна цена наместо 570 евра по метар квадратен изнесува 499 евра. За 5 евра за метар квадратен, од 598 на 523 евра, ќе биде пониска цената на уште неколку станови во овој град.

Новите цени, согласно одлуката за намалување, се без пресметан данок на додадена вредност.

„Со оваа одлука немаме намера да го уриваме пазарот на недвижности, туку напротив, сакаме да понудиме цени кои се подостапни за граѓаните заинтересирани да купат стан изграден од државата. Практично, со оваа одлука сакаме да ги доближиме граѓаните до проектот на Владата ’Купи куќа, купи стан’ преку кој според последните бројки досега се купени 470 станови“, рече Јанакиески.

Во наредниот период во Скопје ќе се градат  уште три згради со 292 стана за комерцијална продажба.

Цветко Грозданов, директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, рече дека од планираните три нови згради една ќе биде во централното градско подрачје со продажни цени конкурентни на пазарните. Другите две ќе бидат лоцирани во Општина Карпош со цени коишто ќе бидат соодветни и ќе може да се вклучат во проектот „Купи куќа, купи стан“.

„Како и досега ќе одиме со 10 до 15 отсто пониски цени од оние коишто ги нудат правните субјекти. Од изградбата на комерцијални  станови 10 проценти од профитот ќе бидат наменети за децата без родители“, рече Грозданов.

Во тек на годинава, ќе бидат пуштени во употреба 126 социјални станови  во Прилеп, Демир Хисар и Ресен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП