3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит пад од рекордните нивоа

На Волстрит пад од рекордните нивоа

volstrit (1)

На Волстрит во вторник индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа од претходно достигнатите рекордни нивоа, додека индексот Nasdaq потона под нивото од 5.000 поени, бидејќи вложувачите одлучија да повлечат дел од заработката од пазарите.

Индексот Dow Jones се намали за 0,47 отсто, на 18.203 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,45 проценти, на 2.107 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,56 отсто, на 4.979 индексни поени.

По значителниот раст во понеделникот, во вторникот цените на акциите паднаа поради послабата од очекуваната продажба на автомобили во февруари и коментарите во врска со Иран. Покрај тоа, инвеститорите се претпазливи во врска со низата економски показатели, коишто би можеле значително да влијаат на пазарите.

„Едноставно многу брзо дојдовме малку предалеку. Имајќи го предвид нивото на оптимизмот и условите на големите купувања, не би изненадило консолидацијата на цените да продолжи неколку дена“, смета Брајан Лазоришак, портфељ менаџер во фондот „Chase Investment Counsel“.

Инвеститорите се претпазливи, бидејќи во петок ќе биде објавен извештајот за вработеноста во САД, што вообичаено значително влијае врз пазарите, бидејќи би можело да се одрази на одлуките на американската централна банка Federal Reserve (Fed) за зголемување на каматите. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во февруари бројот на вработените во САД се зголемил за 238.000, што е помалку во однос на 257.000 во јануари.

Најмногу во вторникот, за 0,8 отсто, падна индексот S&P на технолошкиот сектор, бидејќи вложувачите се одлучија за добитни продажби по силниот раст на цените на овие компании во понеделникот. Поради тоа и индексот Nasdaq се лизна под психолошката бариера од 5.000 поени, над која првпат од ткн „дот-ком“ криза од 2000 година се проби во понеделникот.

Забележително во вторникот паднаа и цените на производителите на автомобили, бидејќи неколку од нив објавија дека имале послаба продажба во февруари, отколку што се проценуваше. Цените на акциите на „Ford“ паднаа за 2,4 а на „Fiat Chrysler“ за 3,3 отсто.

Внимателноста на инвеститорите е последица и на предупредувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху САД да не го потпишуваат нуклеарниот договор со Иран и да не соработуваат со земјата „длабоко вкоренета во милитантниот ислам“ Неговите коментари наведоа дел од вложувачите да се повлечат од пазарите, додека од другата страна ги поттикнаа растот на цените на нафтата.

А благодарејќи на растот на цените на нафтата, во вторникот енергетскиот сектор, заедно со комуналниот, беше единствениот сектор кој забележа добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП