3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Со „новото штедење“ до потребните средства

Оланд: Со „новото штедење“ до потребните средства

oland2

Францускиот претседател Франсоа Оланд денес изјави дека неговата влада во текот на овие години со „новото штедење“ ќе пронајде четири милијарди евра за да ги исполни барањата од Брисел.

„Доколку Брисел бара дополнителни четири милијарди за да ги исполниме своите обврски за намалување на јавниот дефицит, тие средства ќе бидат најдени со новото штедење“, изјави Оланд.

Европската комисија во текот на минатата неделе даде рок од две години за намалување на дефицитот под три проценти од бруто домашниот производ и поставени се строги цели кои мораат да бидат исполнети.

Брисел заклучи дека буџетот на Франција за оваа година нема да биде доволен за намалување на дефицитот за 0,5 проценти и побара од државата да заштеди дополнителни четири милијарди евра.

Оланд, исто така, вети дека до 2017 година нема да има зголемување на даноците и дека ќе биде продолжен процесот за намалување на трошоците за работење.

Тој ги критикуваше напорите на бизнис групите за избегнување на плаќањето на даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП