4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија продаде 40 отсто од уделот во Еуростар

Британија продаде 40 отсто од уделот во Еуростар

eurostarPA

Британските власти се согласиле да продадат 40 отсто од уделот во железничката компанија Еуростар за 585 милиони фунти (899,79 милиони долари) на конзорциумот што го сочинуваат канадскиот државен пензиски фонд „Caisse de Depot du Placement du Quebec“ и британската компанија за управување со имот „Hermes“.

Британската влада го објави во среда договорот за продажба на уделот во компанијата која железнички ја поврзува Британија и континентална Европа, чиј процес на продажба го покрена минатиот октомври министерот за финансии Џорџ Озборн.

Озборн рече дека постигнатата цена за 40 отсто од уделот во Еуростар ги „надминала очекувањата“. Според проценките на британската влада, во буџетските планови за 2013/2014 година се очекувала цена од 325 милиони фунти.

Британското министерство за финансии очекува целата работа ќе биде заклучена до второто тромесечје на 2015-та година. Оваа продажба е дел од националниот план за собирање на 20 милијарди фунти од продажбата на државен имот за подмирување на државниот долг и балансирање на буџетот.

Преостанатите 60 отсто од Еуростар ги држат францускиот железнички оператор „SNCF“, кој има 55 отсто од уделот и белгискиот железнички национален оператор „SNCB“, кој има пет отсто од уделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП