20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 75-то место според конкуреноста во туризмот и патувањата

Македонија на 75-то место според конкуреноста во туризмот и патувањата

20130307-182306.jpg

Македонија во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата е рангирана на 75-то место, што е подобрување за една позиција во споредба со претходната година.

Извештајот опфаќа 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфрструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот.

Најдобри оценки Македонија има добиено во однос на правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана во извештајот на 32 место е Грција иако бележи пад од три места, Хрватска е на 35 и има пад од едно место, Словенија е 36-та со пад од три места. Црна Гора е на 40, четири места полошо од претходниот извештај, Бугарија е 50 со пад од две места, Албанија е на 77 позиција со забележан пад од шест места. Од регионот Босна и Херцеговина забележала напредок од седум места и се наоѓа на 89 место, а Турција е на 46 место со напредок од четири места.

Најконкурентни туристички земји во светот, трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП