14 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина ја зголемува каматната стапка на 30 проценти

Украина ја зголемува каматната стапка на 30 проценти

ukraine33-640x330

Националната банка на Украина одлучи од 4. март да ја зголеми стапката на кредити за рефинансирање од 19,5 на 30 проценти, изјави вчера пред новинарите во Киев директорката на банката, Валерија Гонтарева.

Стапката ќе се применува за краткорочни рефинансирани заеми.

Претходно украинската агенција „Унион“, повикувајќи се на извор од финансискиот пазар, објави дека Националната банка одлучила и клучната каматна стапка да ја зголеми на 30 проценти, од 19,5 проценти.

„Клучната стапка ќе биде 30 проценти“, вели соговорникот од агенцијата, не прецизирајќи го датумот од кој тој таа ќе биде зголемена. Според него, одлуката на регулаторите ќе биде објавена наскоро.

Националната банка на Украина во јануари оваа година, го намали обемот на рефинансирање за 3,4 пати во однос на месец декември, на 12,77 милијарди гривни (472 милиони евра).

Во цела 2014 година обемот на рефинансирање во однос на 2013 година е зголемен за три пати, на 222,3 милијарди гривни, објави „Унион“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП