29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПежо отвора фабрика во Казахстан

Пежо отвора фабрика во Казахстан

pezokazah

Пежо и казахстанската компанија Агромаш Холдинг денес потпишаа договор во Париз за составување и продажба на возила на Пежо во Казахстан.

Составувањето на првите автомобили на Пежо од моделите 301,3008,508 и Партнер би требало да започне во јуни 2013-та година, соопшти раководството на француската компанија.

Производниот капацитет во Казахстан во прво време ќе изнесува 4000 единици годишно, додека се очекува продажниот капацитет на годишно ниво да достигне 10.000 возила.

Се очекува со потпишувањето на договорот во Казахстан да бидат отворени 150, а во Франција 300 нови работни места.

„Овој проект во Казахстан претставува значајна етапа во развојот на активностите на ПСА Пежо-Цитроен во Заедницата на независни држави (ЗНД), која покрај Азија и Латинска Америка претставуваат региони од приоритет во поглед на бизнис-развојот на нашата компанија“, истакнал директорот на француската компанија за Русија, Украина и ЗНД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП