27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Sport Coupe GTE го најавува новиот CC (фото+видео)

VW Sport Coupe GTE го најавува новиот CC (фото+видео)

cc koncept

„Volkswagen“ во Женева го претстави концептот на новата купе-лимузина со која се најавува наследникот на актуелниот модел „CC“.

Појавата на новата генерација на „Passat“ е актуелизирана со приказната за новиот „Volkswagen CC“, a посетителите на женевскиот авто-саем можат да видат во кој правец ќе размислуваат дизајнерите кога ќе го формираат продукцискиот модел на оваа купе-лимузина.

Концептот „Sport Coupe GTE“ е долг 4.869 mm, широк 1.864 mm, висок 1.407mm, што значи дека е подолг и поширок од актуелниот „Passat“.

cc koncept1

Покрај тоа, меѓуосовинското растојание е зголемено за 50 mm и изнесува 2.841 mm, па патниците на задните седишта ќе добијат поголем комфор и притоа ќе имаат доволно место за нозете.

За подолги патувања, на располагање е багажник со зафатнина од 480 литри. Кабината на концептната верзија е дизајнирана така што има 4 посебни седишта, но идниот сериски модел веројатно ќе има класична задна клупа.

Како што тоа е случај со многуте современи концептни возила, но и кај некои продукциски модели, и во овој автомобил од централната конзола се отстранети повеќето традиционални физички команди.

cc koncept2

Наместо копчињата, тука е големиот екран кој е чувствителен на допир.

Aвтомобилот е поставен на големи 21-инчни тркала, кои на сериската верзија ќе бидат намалени до разумна мера, а за погон е употребен хибриден систем кој се состои од 3.0-литарски „V6 TSI“ бензинец и 2 електромотори.

Бензинскиот мотор произведува 295 ks, a вкупната комбинирана моќ на погонскиот систем достигнува 380 ks, што е доволно „Sport Coupe GTE“ до „стотка“ да забрза за 5.2 секунди и да ги достигне веројатно електронски ограничените 250 km/h.

cc koncept3

Aвтомобилот може да се вози и само со помош на електрична енергија, а во овој режим е во состојба да мине до 50 km.

„Volkswagen“ тврди дека просечната потрошувачка може да се намали и до 2 l/100 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП