19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилошоски на конференција во Летонија

Милошоски на конференција во Летонија

antonio-miloshoski

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на летонското претседателство со Европската унија, ќе се одржи во периодот 4-6 март 2015 година во Рига, Летонија.

На Конференцијата ќе стане збор за приоритетите и стратегиите во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика на Европската унија, како и за политиката на добрососедство и Источното партнерство на Европската унија.

Меѓу бројните учесници на конференцијата, ќе учествуваат и Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика;  Елмар Брок, претседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент; Едгард Ринкевичс, министер за надворешни работи на Летонија; Карл Билт, поранешен министер за надворешни работи на Шведска; како и други претставници од земји-членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП