19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХенкел забележа раст на продажбата

Хенкел забележа раст на продажбата

henkel-headquarters-1

Хенкел во изминатава година оствари продажба од 16.5 милијарди евра, што претставува пораст од 5.8 проценти во однос на 2011-та година.

По корекцијата на еднократната добивка, еднократните трошоци и трошоците за реструктурирање, бил корегиран оперативниот профит и е зголемен за 2.3 милијарди евра, што претставува раст од 15.1 проценти.

И покрај високите цени на пазарите за набавка, корегираниот приход од продажбата значително е зголемен за 1.1 процент, додека нето-долгот е намален на 85 милиони евра.

Како резултат на намалувањето на нето-долгот и пониските камати, финансискиот резултат на компанијата се подобри за 14 милиони евра или на 141 милион евра.

„Изминатата 2012-та година за Хенкел беше најуспешна досега. Остваривме одлични резултати на многу нестабилниот и конкурентен пазар, а со тоа ги надминавме и зацртаните цели“, изјави извршниот директор, Каспер Рорстед.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП