4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотона лирата, страв во Турција

Потона лирата, страв во Турција

turska-li-lirata-turcija

Турската лира се спушти на нов рекорден минимум во однос на доларот, откако забрзувањето на инфлацијата ги поттикна стравувањата за економијата.

Курсот на лирата во вторникот изнесувал 2,536 во однос на доларот. Претходно забележаниот минимум изнесувал 2,5275 долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Во однос на еврото, лирата ослабе за 0,5 проценти на 2,8334 лири за евро.

Податоците на турскиот Завод за статистика покажаа дека потрошувачките цени во февруари биле за 0,71 проценти поголеми во однос на јануари, додека стапката на инфлација изнесувала 7,55 проценти во однос на јануарските 7,24 проценти. Целното ниво на турската Централна банка изнесува пет проценти.

Турската валута минатиот месец повеќе пати паѓаше на нов минимум, откако претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги зголеми притисоците врз Централната банка да ја олабави монетарната политика со цел поттикнување на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП