
Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.


Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Од АМСМ со препорака до возачите за почитување на поставената сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.