30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на швајцарската економија ги надмина очекувањата

Растот на швајцарската економија ги надмина очекувањата

shvajcarija53v454gr

Швајцарската економија во четвртиот квартал забележа посилен раст од очекуваниот, поддржан од зајакнатата домашна потрошувачка и надворешна побарувачка за швајцарски производи.

Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,6 отсто во однос на третото тромесечје, кога БДП бил зголемен за ревидирани 0,7 отсто. Економистите очекуваа дека растот на квартално ниво ќе забави на 0,3 отсто.

На годишно ниво БДП скокнал за 1,9 отсто, а исто темпо економијата забележа и во третиот квартал. Аналитичарите исто така очекуваа негово забавување на 1,7 отсто.

Во целата 2014 година, економијата порасна за два отсто, незначително посилно во однос на 2013 година, кога е зголемен за 1,9 отсто. Ова е најбрз раст од 2010 година.

Позитивен придонес на растот пружи приватната и јавната потрошувачка, при што потрошувачката на домаќинствата на квартално ниво зајакна за 0,3 отсто, а државната потрошувачка за 1,9 отсто. Инвестициите во опремата зајакнаа за еден отсто, продолжувајќи го нагорниот тренд, додека инвестициите во градежништвото паднаа за 1,4 отсто.

Извозот на стоки скокнал за 12, отсто, но доколку се изземат скапоцените артикли, извозот е намален за 0,2 отсто. Извозот на услуги бележи пораст од 0,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП