29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака ќе изгледа електричниот Aston Martin? (фото)

Вака ќе изгледа електричниот Aston Martin? (фото)

el am4

Британскиот производител на луксузни супер-спортски автомобили претстави необичен концепт на возило кое за погон користи електрична енергија.

Од „Aston Martin“ велат дека со концептот „DBX“ најавуваат продукциски модел кој ќе биде дел од сегментот „GT“ (Gran Turismo) aвтомобили.

el am5

„DBX“ е дизајниран како возило за 4 лица, со две посебни места за седење на задната клупа.

Надворешноста е обоена во сива металик нијанса, a нa предниот дел од автомобилот доминира класичната „AM“ маска.

el am3

Стоп-светлата се обликувани исто така по углед на карактеристичната форма на задната светлосна група на овој производител.

Меѓутоа, ентериерот е целосно поразличен од останатите модели на „Aston Martin“. Тенките седишта се обвиткани со специјален кожен материјал, кој е применет и на некои делови на инструмент таблата, на вратите и патосниците.

el am

И остатокот од кабината е обложен со кожа, но со различна боја и текстура.

Електричниот погон исто така е нешто ново кога станува збор за „Aston Martin“.

el am1

Kонцептот „DBX“ работи на електромотори кои се наоѓаа на секој од четирите тркала, а кои се напојуваат од батериите направени врз база на литиум и сулфур.

Автомобилот има и два „head-up“ дисплеи – по еден пред возачот и сувозачот.

el am2

За сопирање се користат керамички сопирачки, а дел од енергијата се регенерира и се враќа во системот со помош на „KERS“ системот за обновување на кинетичка енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП